Во рамки на одбележување на Патрониот празник, денеска во просториите на Библиотеката се одржа работилница насловена „Во срцето на книгите: славење зборови, мудрост и чудо“.

Заедничка активност имавме со учениците од ООУ „Климент Охридски“ – Битола и учениците од I-5 одд. со нивната наставничка Снежана Стојанова.

Ученикот Михаил Андоновски прочита текст со наслов „Делото на Св.Климент Охридски”, потоа учениците изработија плакат со македонската азбука, плакат за книгата и изработија книга со стихотворби посветени на патронот на двете установи.

Изработките ги оставија во библиотеката како поклон за нивниот Патронен празник.

Библиотеките и училиштата се важни институции кои играат клучна улога во поттикнувањето на образованието, писменоста и развојот на заедницата.

Заедничките активности меѓу библиотеките и училиштата придонесуваат за холистички пристап кон образованието, обезбедувајќи им на учениците богат спектар на ресурси, поттикнувајќи го ангажманот во заедницата и поддржувајќи го развојот на вештините за доживотно учење.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook