Со длабока жалост ја примивме веста дека почина младата роднокрајна писателка Славица Свидерска. Нејзиното заминување претставува голема загуба за нашата книжевна заедница и за сите кои ја познаваа нејзината искрена љубов кон пишаниот македонски збор.
Славица беше авторка која преку своите дела умешно ги пренесуваше чувствата, спомените и боите на македонската стварност.
Таа беше наш роднокраен автор и соработник со нашата библиотека во многу активности. Нејзината младост беше исполнета со креативност, соништа и желба да создава и да инспирира.
Нека нејзините зборови продолжат да живеат и сведочат за талентот, љубовта и духот што ги остави зад себе.
Нека ѝ е вечна славата и споменот.