Во чест на роденденот на светската бајка, ученичките од деветто одделени Матеа Велјановска, Јована Горко и Христијана Поповска ги оживеаја најубавите бајки специјално за својата публика, учениците од второ одд. од ООУ„Стив Наумов“ -Битола, со наставничките Билјана Кузмановска и Лилјана Трајчевска.
Нивната костимографија, помогнати од Народниот театар, беше чекор до фаќањето на магијата на пишаниот збор кој преточен во нивната интерпретација стана пријатна детска претстава за царици и принцови, далечни светови и ѓемии по светските мориња. Доказ дека библиотеката живее за најмладата публика, а тие пак, дека овој храм е вистинското место за сонување. На крајот сите добија обележувачи на страници, пригоден подарок од библиотеката кој ќе ги потсетува на настанот и со секое ново читање ќе ги враќа во библиотеката.
Честитки до сите учесници и овозможувачи на пријатното дружење.
До следното гледање…