Во пресрет на големиот христијански празник Велигден нашата библиотека НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, реализираше креативна работилница со учениците од ООУ „Стив Наумов“ – Битола, на која се украсуваа велигденски јајца, се изработуваа велигденски честитки на кои доминираше црвеното јајце, симболот на верата и истрајноста и се пееја велигденски песни, а се разговараше за преубавите велигденски обичаи.
Училницата се претвори во вистински простор каде што се слават знаењето, радоста и креативноста! , а беше исполнета со детска смеа, позитивна енергија и велигденска магија на која и се радувавме сите.
Посебна благодарност до наставничката Наташа Костовска за одличната организација и соработка како и до директорот на училиштето Никола Пискачев и до заменичката директорка Марина Јанеска, за несебичната подршка и заедничката соработка.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook