ВЕБИНАР: Образование за родители, или како да се биде родител од новото време

На 15-ти мај 2024 година го одбележавме Меѓународниот ден на семејството.

Одбележувањето на овој ден има за цел да ја подигне свеста на родителите и старателите за образованието и воспитувањето на децата и нивната благосостојба, но и да го назначи значењето за воспоставување на баланс помеѓу работата на родителите и нивната семејна улога.

Кои се предизвиците кои ги носи родителството во современото живеење? Имаат ли родителите потреба од дополнителна поддршка? Што се прави на оваа тема кај нас и дали постојат меѓународни искуства од кои можеме да научиме?

Со цел да ја потенцира важноста на образованието за родители, во рамките на ЕПАЛЕ академијата, ЕПАЛЕ Нaционалниот сервис за поддршка организираше вебинар на тема: „Образование за родители, или како да се биде родител од новото време“.

Сите наведени прашања беа одговорени – Што е и зошто ЕПАЛЕ? – Следеше резентација од Љупка Ќуркчиева, ЕПАЛЕ Координатор.

“За сѐ што им замерувате на децата, тие тоа го виделе токму кај вас!” – Презентација од м-р Гоце Бумбароски, одделенски наставник во ООУ Кочо Рацин – Прилеп.

“Дидактика за родители-нова перспектива на воспитно-образовниот процес” – Презентација од Ред. проф. д-р Деан Илиев, УКЛО.

Еразмус+проект: „Синергeтско образование на родители со деца со посебни потреби“ – Презентација од Татјана Зорчец, психолог, Македонска асоцијација за применета психологија СИМБОЛИКУМ Скопје.

Презентациите од различни експерти обезбедија длабока анализа на предизвиците и можностите во образованието на родителите.

Дискусиите и прашањата од учесниците открија интерес и потреба за подобрување на родителските вештини и знаења.

вебинарот “Образование за родители, или како да се биде родител од новото време” ги постигна целите да ја подигне свеста на родителите за значењето на образованието и воспитувањето на децата, како и да им пружи дополнителни знаења и совети за успешно родителство во современото опкружување.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook