Денес, директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Бојан Стефановски подели ваучери за едногодишна бесплатна членарина во нашата библиотека на првачињата од ООУ „Св. Кирил и Методиј“.

Велат по утрото се познава денот, а овој ден навистина ќе е прекрасен затоа што не пречекаа насмеани и весели дечиња, желни за знаење. Пресреќни за добиените ваучери, ги оставивме со ветување дека за брзо ќе се видиме во библиотека.

Нека Ви е среќен почетокот!!!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook