Во рамките на кампањата за бесплатно запишување на учениците од прво одделение, денеска имавме можност да се дружиме со првачињата од ООУ “Елпида Караманди“ – Битола, на кои им поделивме ваучери за едногодишна бесплатна членарина во нашата библиотека и им посакавме среќна и успешна учебна година.

Кампањата има за цел учениците да се стекнат со читачки навики и да се развие љубов кон пишаниот збор, но и нивните родители и повозрасни членови во семејствата да им читаат приказни, раскази и песни и да ги воведат во светот на книгата.

Со самото поаѓање на училиште, читањето станува омилена обврска, а со самото доаѓање во нашата библиотека ќе можат да се запознаат со нивните омилени книги и автори и да го пронајдат оној наслов кој ним најмногу им одговара.

Нивните насмеани лица, озарени очиња и кренати рачиња со поделените ваучери зборуваа колку се тие среќни, исполнети, но и желни за знаење, нагласувајќи дека со посета на нашата библиотека би го прошириле своето знаење.

Голема благодарност до директорката Татјана Дамчевска за успешната соработка.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook