Во рамките на кампања за доделување на ваучери за едногодишна членарина во нашата библиотека денес имавме можност да се дружиме со првачињата од ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола. На првачињата им посакавме среќна и успешна учебна година.

Нивните насмеани лица кажуваа колку се среќни и желни за знаење, а заедно со своите наставнички ќе можат да научат да читаат и да влезат во светот на книгите.

Голема благодарност до директорот Роберт Филиповски и наставничките што ни дозволија да ги посетиме и да ги израдуваме учениците од прво одделение.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook