Вработените од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола ги посетија првачињата од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола на кои им поделија Ваучери за едногодишна бесплатна членарина во нашата библиотека и им посакаа многу среќа во текот на целото нивно школување.

Насмеаните детски лица и искрените одговори дека сакаат да им читаат родителите а и да научат сами да читаат многу не израдуваа.

Благодарност до директорката Жанета Тошеска која ни дозволи да бидеме дел од првите училишни денови во оваа учебна година, а на наставничките Лидија Поповска и Катерина Шеровска Томовски им посакуваме успешна работа.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook