„Замислете сите луѓе да живеат во мир. Можеби ќе кажете дека сум сонувач, но не сум единствениот. Се надевам еден ден ќе ни се приклучиш и ти и светот ќе биде како едно.“- Џон Ленон
Денес НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, го одбележа 21 септември – Меѓународниот ден на мирот со посета на првачињата од ООУ„Коле Канински“ – Битола на кои им подели ваучер за бесплатна членарина и им посака да станат дел од нашето големо семејство.
Децата треба да другаруваат со книгите и сликовниците наменети за нивна возраст. Тие се тука за да ја развијат фантазијата и да им помогнат лесно и брзо да го совладаат читањето.
До сега поделивме над 600 ваучери, кои нашите драги првачиња треба да ги искористат во најкраток можен рок.
Ве очекуваме!
Голема благодарност до директорката Дијана Христовска и наставничките за денешната соработка.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook