Денес се дружевме со првачињата од ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола на кои им поделивме ваучери за едногодишна бесплатна членарина во нашата библиотека. Со ова училиште ја завршивме кампања која беше посветена на најмладите. Поделивме околу 800 ваучери на нашите најмили првачиња кои ги очекуваме во најскоро време да го искористат ваучерот и да се зачленат во нашата библиотека.

Иако првачињата сеуште не се описменети, тука се нивните семејства да им ја всадат љубовта кон книгите.

Ве очекуваме!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook