Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола предавање на тема „Благодарност и радост како стил на живеење“, одржа Силвана Илиевска.

Присутните гости имаа можност да слушнат како благодарноста може да влијае врз нас и на што треба се да сме благодарни. Колку малите ситници во животот што не опкружуваат можат да ни донесат среќа и да ни го направат нашиот живот поубав, беа дел од предавањето. Водена од мудростите на религиите, преку цитати од филозофи кои и денес носат голема мудрост, присутните на настанот се разви дискусија со присутните.

Во здраво тело, здрав дух или здрав дух ни помага да имаме здраво тело, беше само едно од прашањата на кои се зборуваше.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook