НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, денес го празнува 4 Ноември – денот на ослободувањето на град Битола заедно со учениците од ОУРЦ „Кочо Рацин“ – Битола, со обработка на познатата книга за деца „БИТЛСКИОТ КЛАВИР ПЕТКО“ кој е упорен па и кога пропаѓа на дното на морето тој сака пак да свири.
Оваа упорност е симболика на сите битолчани кои колку и да се на дното секогаш наоѓаат начин да се издигнат, а за тоа зборува и денешниот празник по повод ослободувањето на градот, кој освен што е познат по епитететите: град на конзулите, град на културата, град на боемите, град на светлината, град на пишаниот збор… познат е и како град на клавирите.
По повод празникот и месецот на книгата денес во библиотеката реализиравме активност(каде учениците од различни материјали ги изработија симболите на град Битола), донесовме заклучок дека треба да сме упорни колку и да сме на дното, да веруваме во чуда и да си го сакаме овој град.
Честит празник граду мој – те сакаме!
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook