Учениците од петто одделение од ООУ „Коле Канински” – Битола, заедно со наставничките Ангелеска Наташа, Павловска Лидија и Димовска Весна денес ја посетија нашата библиотека.

Од наша страна беа со задоволство пречекани, запознаени со сите сектори во библиотеката.

Во присуство на своите наставнички ги запознавме со библиотечниот сектор наменет за деца, со дневната соба, периодиката, со роднокрајниот сектор каде што се чуваат и збогатуваат делата на битолските автори и авторите кои пишувале и пишуваат за Битола.

Учениците беа запознаени и со читалните во библиотеката, а посебен интерес кај нив предизвика читалната посветена на писателот Горан Стефановски.

Во текот на прошетката низ просториите им беше одговорено на сите прашања на љубопитните ученици а беа запознати и со уписот и членарината во нашата библиотека, како и за употребата на COBIS програмата.

На крајот задоволни ни се заблагодарија со ветување дека што повеќе ученици ќе се зачленат и ќе ги користат нашите услуги.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook