Изложба „Читање на традицијата – кирилицата во калиграфија и вез“, Р.Србија
Дневна соба на градот, 4-5 јуни 2025

Обезбедувањето на пристапот и заштита на културното наследство на заедницата е една од клучните задачи на библиотеките. Со своето активно учество во културниот живот во средината, институциите од културата претставуваат клучни партнери што претставува влог во иднината на современо профилирано општество.
Во рамките на првата Меѓународна конференција на тема: „Иновативни библиотечни програми – едукација на корисници и професионално усовршување на библиотекари“ во организација на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола, како дел од придружната програма во Дневна соба на градот беше поставенаизложбата „Читање на традицијата – кирилицата во калиграфија и вез“, 17 опремени слики од две авторки, Јованка Шоргиќ и Добрила Аскрабиќ од Лазаревац. Изложбата беше многу посетена од читателите и корисниците на Дневна соба на градот, каде посетителите освен со убавиот збор имаа прилика да се сретнат и со ненадминати вредности од областа на културното наследство на Р. Србија, учесник на Конференцијата.
Денес, модерната калиграфија добива ново значење и претставува форма на уметничко изразување за уметниците и предизвикува големо внимание на посетителите на изложбите.
Jованка Шоргиќ, e родена во 1959 година во Ждрапањ, во близина на Шибеник. Со децении се занимава со негување на српските средновековни ракописи и манастирската орнаментација и зачувување на историјата на првите српски печатници. Се занимава со калиграфија дваесет години и е сертифициран калиграф. Имала пет самостојни изложби и учествувала на бројни групни изложби.
Добрила Ашкрабиќ е пензионирана професорка, просветен работник. Активно се занимава со сликање на свила, стакло, ткаење и вез. Учествувала во бројни настани и проекти и освоила значајни награди и дипломи за ткаење, сликање шалови и сликање на стакло.
Во светот, калиграфијата повторно стана тренд што им носи приход на многу калиграфи. Сепак, во Србија, калиграфските букви оживуваат особено во библиотечните програми, но сè уште не се толку популарни како во времето кога беа дел од образовниот систем.
Калиграфијата е несомнено поврзана со библиотеките преку организација на различни активности кои оваа уметност ја доближуваат до младите. Зборовите на авторките најдобро зборуваат за значењето на изложбата.
„Изложбата претставува еден вид почит кон креативноста на православните монаси кои учествувале во долгиот процес на пишување ракописни книги, со што формирале култура на пишаниот збор за идните генерации.“
Организационен одбор на Конференцијата
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook