По повод Светскиот ден на менталното здравје, во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа работилницата „Библиотека што слуша: разговор за менталното здравје“.

Работилницата ја водеше доц. д-р Марина Кузмановска, лиценциран психолог и гешталт терапевт, која со учениците отвори искрен и топол разговор за важноста на емоционалната поддршка, самопочитта и грижата за менталното здравје.

Им изразуваме голема благодарност на средните училишта ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ – Битола (директор Горан Талевски), Државно музичко училиште – Битола (директорка Марија Шамоска Буџакоски) и СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола (директорка Билјана Јанкуловска) за нивното учество, како и на сите ученици кои активно се вклучија во дискусијата.

Настанот беше реализиран со поддршка од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

Да се грижиме еден за друг, да слушаме и да разбереме — затоа што библиотеката не е само место за книги, туку и за луѓе.

Библиотеката има важна улога во промовирањето на менталното здравје, создавајќи безбеден и поддржувачки простор за младите, а со вакви активности НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола ги следи современите светски трендови на општествено ангажирани и инклузивни библиотеки.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook