Во месецот на книгата Октомври, НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола, реализира позитивна практика – посета и инклузивна работилница со членовите на ЦПЛИП Порака од Битола во соработка со учениците од 4 одд. од ООУ „Тодор Ангелевски“ под менторство на одделенскиот наставник Весна Гагаловска.
Членовите од здружението не изненадија со прекрасните подготвени подароци изработени од нивните вредни раце и оваа прилика ја искористија да донираат книги во нашата библиотека.
Присутните имаа можност да се запознаат со библиотеката и нејзините оддели, а практичниот дел го искористивме да читаме, бидејќи
„Човек станува мудар не со сила, туку со читање “.
Да ги учиме нашите деца дека сите сме исти, да ги учиме на емпатија и соживот. Само во такво општество може да има напредок.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook