Почитувани, Националната установа-Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола распишува конкурс за доделување на наградата „Роднокраен автор за 2023 година“, која е во рамките на проектот „Роднокрајни средби на битолските писатели од Р.С. Македонија“.

Критериуми за доделување на наградата:

1. Роднокрајниот автор треба да има издадено книга во периодот од 1 јануари до 31 декември 2023 ( прилог- биографија)

2. Добитник на награди (прилог – листа на освоени награди)

3. Други придонеси во книжевноста (прилог – Листа на други ангажмани: членства во жири-комисии, уредништво, преводи, членство во редакции на списанија, учество на манифестации и сл.)

Заинтересираните писатели потребните документи треба да ги испраќаат на електронската пошта nuub.bitola@gmail.com.

Конкурсот трае од 15.01.2024 до 31.1.2024 година.

Наградата „Раднокраен автор за 2023“ ќе биде доделена на 25.03.2024 за роденденот на Библиотеката.