„Библиотеката е „срце на Универзитетот“ која во континуитет ги следи современите трендови и е дел од големото општество кое точи знаење. Нашата библиотека има за цел да биде логистичка поддршка на образовната, научната и истражувачката работа на Универзитетот и да им помогне на студентите во пребарување, изготвување и осмислување на научно-истражувачката работа.“ истакна директорот м-р Бојан Стефановски кој присуствуваше на првиот академски час на Педагошкиот факултет во Битола и им подели ваучери за едногодишна бесплатна членарина на студентите кои се запишаа во оваа учебна година.

За крај им посака на бруцошите квалитативно стекнување на нови знаења на избраните факултети, а на оние од завршните студиски години, успешно завршување на студиите и побрзо вработување.

Голема благодарност до деканот на Педагошкиот факултет во Битола, проф. д-р Данче Сивакова-Нешковски која ни овозможи да бидеме дел од нивниот прв академски час.

Почитувани студенти за искористување на ваучерите при доаѓање во нашата библиотека треба да носите лична карта и индекс.

Среќен почеток!

Facebook link