Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола со литературен и ликовен конкурс насловен „Рацете во портокалово срце“ учестува со настан кој е во рамки на кампањата „16 дена активизам за спречување на насилството врз жените и девојчињата“ која започнува од 25.11.2023 година и трае до 10.12.2023година

Сите ние се вклучуваме во активностите на државно и глобално ниво во насока на запознавање на пошироката јавност против семејното насилство

Сите ние сме против насилството врз жените и девојчињата.

Во холот на Библиотеката е поставена тематска изложба на книги и цртежи со содржини за семејно и родово насилство.

“Насилството врз жените и девојчињата е насилство врз целото човештво и за тоа не треба да има место во Европа или на друго место во светот. И покрај нашата посветеност, сепак сме далеку од победа над овој предизвик. Насилството врз жените се случува насекаде, нема безбедно место дури ни дома. Напротив. Жените се мета дома, на работно место, во училиштата и универзитетите, на улица, при раселување и миграција и се повеќе преку интернет со компјутерско насилство и говор на омраза. Обемот на проблемот останува алармантен.

Честопати не прашуваат дали запирањето на насислтвото врз жените е можно со оглед на тоа дека оваа појава зазема големи димензии и е широко распорстранета. Нашиот одговор е ДА. Но тоа можеме да го направиме само заедно.

Изминатиот период е распишан ликовен и литературен конкурс, навистина сме среќни и горди што пристигнаа голем број квалитетни и креативни литературни и ликовни творби.

Токму така – секоја иницијатива е за поздравување.

Во врска со оваа активност формирана е комисија на избор на најквалитетните творби, кои навистина изобилуваа со својот квалитет и креација при што комисијата имаше сериозна работа да ги избере најуспешните.

Во ликовниот конкурс најдобри беа:

Стефанија Димитријовска,

– Ивона Влкановска

– Евгенија Наумовска

– Блерина Шабановска

– Сара Јолеска

– Јована Јолевска

– Сара Петрова

– Давид Поповиќ

– Ана Мирчевска

– Ангела Салеска

– Теона Костадиновска

Најдобрите во категорија проза се:

– Јована Здравковиќ

– Михаела Биневска

– Тамара Вељаноска

– Марија Стојановска

– Ева Мари Митрески

– Христина Секирски

– Фунда Демир

– Деа Атанасов

– Ивана Ристеска

– Изабела Илиева

– Тамара Корлевска

– Христијан Пишмановски

– Сара Ѓоргиевска.

Воедно ја користиме можноста да им се заблагодариме на менторите:

– Лидија Атанасовска

– Сузана И. Петковска

– Кристина Ташевска

– Емилија Прчкова

– Бисера Бијелиќ-Стојчевска

– Ана Динковска-Божиновска

– Наташа Лозановска

– Катерина Ковачевска

– Славица Марковска

Почитувани Ви благодариме за соработката, интересот и мотивот сите да бидете дел од нашите активности со цел поголема популаризација на читањето на книги и посета на нашата библиотека.

Вам драги ученици Ви посакуваме понатамошни успеси и да продолжите да творите, затоа што вие Вие сте нашата иднина

И на крај секоја активност ја правиме за нашата иднина и за нашата сегашност затоа што жените се столб на правично, отворено, развиено и демократско општество и ништо не смее да ги лиши од слободата да ја остваруваат својата улога слободно и безбедно.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook