Библиобус во пресрет на потребите на корисниците од Винковачката библиотека е дел од европски проект „Култура во движење“. Разновидните библиотечни услуги со кои располага библиобусот ги користат граѓаните од целиот регион на Винковци и претставува еден од најуспешните проекти на библиотеката. Библиобусот покрива помали места околу Винковци и нуди бесплатен пристап кон интернет, библиотечната граѓа за деца и возрасни и организирање на секојдневни креативни работилници за најмладите.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook