Се повеќе деца имаат проблем со говорот.

Состојбата може лесно да се подобри ако едноставно им читаме и им прераскажуваме приказни. Со читањето им се развива говорот, фантазијата, а со раскажување и тие почнуваат побрзо да спојуваат зборови и да кажуваат реченици.

Затоа Битолската Библиотеката им излегува во пресрет на сите родители и деца, од бебиња до пред поаѓање на училиште за бесплатно зачленување во нашата библиотека.

Детето го учи јазикот преку слушањето и гледањето на оној кој што зборува.

На детето треба постојано да му се зборува и да се гледа во очи додека му се зборува, да му се читаат приказни, а при тоа да се опишуваат и сликите во сликовниците на јасен и разбирлив говор. Децата ги сакаат приказните. Бидејќи тие покажуваат интерес за нив, треба да се искористат за развивање на нивниот говор, богатење на речникот и формирање на правилна реченична структура. Со самото кажување на приказните децата се навикнуваат внимателно да слушаат, а со тоа им се дава и пример на говорно излагање за едно доживување или предмет. Покрај тоа, приказните позитивно влијаат на детската фантазија, мислење, внимание и чувствува. Тука треба да се земат во предвид два момента: што ќе им се зборува на децата и како ќе им се зборува, односно изборот на приказните и начинот на кажување на истите.

Ве очекуваме.

Потребно е присуство на родител со документ за лична идентификација.