Читањето е од големо значење за развојот на детето. Бајките и лекцијата од бајките може да влијаат врз различни аспекти од животот на детето – од емоционален и морален развој до развој на имагинацијата и вокабуларот. Важно е да избереме бајки кои се соодветни за одредена возраст. Денешниот ден започна весело, забавно, интересно и креативно со децата од ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ на кои преку читањето на бајки им ја доловивме безграничната магија која во себе ја носат истите, ја разбудивме нивната фантазија како основ за правилен мислечки и креативен процес.
Децата со големо внимание ги слушаа овие бајки, уживаа во нивното прераскажување, извлекување на пораки и идентификација со омилените ликови и моменти и нивна илустрација, но и извлекувавме пораки. Едни од пораките беа дека „Сите одат во библиотека! Секој може да биде член од најмал до најголем! Секогаш подарувајте книги, зашто со нив подарувате мудрост која ќе им овозможи да израснат во прекрасни луѓе“,
Покрај прекрасната дружба, ја поттикнавме навиката за читање и ја разбудивме нивната фантазија и им овозможивме да сватат дека книгата е најдобриот подарок, со кој се подарува мудрост која ќе им овозможи да прераснат во прекрасни личности. Настанот го завршивме со еден од најпознатите цитати на Ајнштан: „Ако сакате Вашите деца да бидат интелигентни, читајте им бајки. Ако сакате тие да бидат уште поинтелигентни, прочитајте им повеќе од нив “.
Подготви и реализира библиотекар д-р Јасминка Кочевска
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook