Денеска во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, се одбележа „СВЕТСКИОТ ДЕН НА РАСКАЖУВАЊЕ НА БАЈКИ“ со учениците од петто одделение од ООУ „Коле Канински„ – Битола, под менторство на наставничката Македонка Илиевска Николовска.
Со овој настан наша цел е кај учениците да ја поттикнеме навиката за читање и да ја разбудиме нивната фантазија, како основа за правилен мисловен и креативен процес. Читањето бајки во голема мера придонесува за зголемување на интересот за читање книги во детската возраст, но и подоцна во животот.
Денешниот ден започна весело, забавно, креативно и интересно благодарение на нашите денешни актери, кои драматизираа, раскажуваа и илустрираа македонски бајки.
„Сите одат во библиотека! Секој може да биде член, од најмал до најголем!“ беа дел од пораките кои ни ги пренесоа.
Настанот го завршивме со еден од најпознатите цитати на Ајнштајн: „Ако сакате Вашите деца да бидат интелигентни, читајте им бајки. Ако сакате тие да бидат уште поинтелигентни, прочитајте им повеќе од нив “.
Повеќе фотографии и видеа на следниот линк: NUUB Facebook