Басните се мали книжевни дела во кои главните јунаци се животните. Во басните на хумористичен начин се опишуваат карактерните особини на луѓето. Тие секогаш на крајот носат порака која не поучува и ги истакнува јасно позитивните и негативните особини кои треба да ги препознаеме и да се поучиме од нив. Во минатото басните се пееле и играле а дури подоцна почнале да се раскажуваат. Според содржината која се обработува во басните тие се израз на народната мудрост и еден вид народна етика, поттикната од секојдневниот живот.
Децата ги сакаат басните! Сакаат да ги слушаат, сакаат да ги раскажуваат, да ги драматизираат, да се идентификуваат со ликовите, да пеат со ликовите, да размислуваат за постапките и да носат заклучоци за правилните погрешните постапки.
Денес во посета на нашата библиотека беа учениците од трето одделение од ООУ„Стив Наумов“ – Битола, со наставничките Марија Кочовска, Росана Тасевска, Јасмина Наумовска, Наташа Костовска, Гордана Трифуновска кои се запознаа со сите сектори во библиотеката и нејзините магацини, а потоа разговаравме колку децата ги сакаат басните, сакаат да ги читаат, да ги слушаат, да ги раскажуваат, драматизираат и да се идентификуваат со ликовите, да размислуваат за постапките и да носат заклучоци за правилните и погрешните постапки.
Тие ги драматизираа басните од Езоп идентификувајќи се со ликовите во нив.
Уште една работилница помина во пријатна и опуштена атмосфера со нескриени позитивни впечатоци кај учениците.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook