Овогодишниот Стручен собир и семинар на тема „Мрежни системи на библиотеки“ – Организациони – програмски – електронски, акредитиран од страна на Народната библиотека на Србија, вклучуваше внимателно избрани актуелни теми од областа на современото библиотечно работење.

Организиран како мастер клас од страна на проф. д-р. Гордана Рудиќ, редовен професор и шеф на катедрата за библиотекарство на Педагошкиот факултет во Сомбор (Универзитет во Нови Сад, Р. Србија) вклучуваше актуелни теми поврзани со поврзувањето на библиотеките преку матичната функција, организација на мрежни системи по принципот на матичноста и законска субординација, системи на вмрежувањето во рамите на библиотеките и нивни организациони единици – локациски, по старосната структура на корисниците и повеќејазични фондови. Всушност сите теми обединети и во функција на умрежувањето на корисниците на библиотечните услуги.

Предавачот Војислав Родиќ, директор на фирмата „I net” – стручњак и консултант, укажа на опасностите од несоодветно користење на интернетот и зависноста од истиот особено за младата популација.

Д-р. Добрила Бегенишиќ, консултант библиотекар, раководител на Одделот за истражување и развој на библиотечниот и информацискиот систем, заедно со своите колеги, Eszter Angeli Berényi и Валентина Поповић , раководители и експерти од матичната дејност на библиотеките со видео презентации ни укажаа на извонредното значење но и одговорност на библиотекари „матичари“ во изготвувањето на законските регулативи, инспекцијски надзор, стручна помош и многу други надлежности.

На Семинарот беа претставени и најновите изданија од областа на библиотечното работење „Нова библиотека“ од авторот Јасмина Нинков (директор на Библиотеки на градот Београд и еден од најеминентните библиотечни стручњаци во регионот, и М.А. Валентина Поповиќ авторка на книгата „Дигитални алатки“ кои даваат преглед на најновите проекти од праксата на водечките библиотеки во светот, како и анализи на различни дигитални алатки со отворен код и примери за нивна практична примена.

На Стручниот семинар од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола учествуваше м-р Јелена Петровска, Програмски раководител, со предавање за законската библиотечна регулатива од нашата држава, функционирање на матичните функции, за стручните ингеренции на библиотеката, како најголема библиотека во западниот регион и за комуникација на библиотеката со нејзините корисници.

4-5-6. јуни .2024.год. Б. Врујци, Р. Србија

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook