Австриската библиотека во Битола организира литературно читање  за ученици од Основното училиште „Гоце Делчев“ Битола. Поканата за учество во настанот ја прифати Елена Милевска проф. по германски јазик која што ги органзира учениците кои го изучуваат германскиот јазик во ова основно училиште. Тие со голем интерес се приклучија на online читањето на zoom платформата и ја следеа раководителката на Австриската библиотека во Битола д-р Валентина Илиева, која им прочита на германски јазик извадоци од книгата „Школски приказни од Франц“ прикажувајќи им притоа на учениците и илустрации од самото дело. На крај учениците имаа можност да постават прашања и да дискутираат.

Facebook link

Линк од објавата на настанот на web страната на Австриски библиотеки