По повод претстојниот празник – 5 Мај, Денот на македонскиот јазик, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, започна со низа активности посветени на нашиот мајчин јазик, книгата и љубовта кон пишаниот збор.

Денес библиотеката другаруваше со дечињата од групите „Цветови“, „Јаболчиња“ и „Мечиња Бамбини“ при Детска градинка „Пролет“. Заедно со воспитувачките Елизабет Ристевска, Наташа Вичоровска и Татјана Митревска, како и негователките Валентина Поповска, Маја Пачовска и Даниела Огненовска, децата уживаа во прекрасно дружење исполнето со приказни, букви и љубов кон македонскиот јазик.

Посебна радост на средбата беше дружењето со писателката Марија Трифуновска Тасеска, која на топол и инспиративен начин им ја доближи магијата на книгите и професијата писател.

Љубовта кон македонскиот јазик се раѓа и негува уште од најмала возраст, а токму децата се нашите најискрени чувари на јазикот, приказните и традицијата.

Упатуваме искрена благодарност до директорката Весна Лозановска за поддршката и соработката во реализацијата на ова прекрасно дружење.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook