На ова прашање ни одговорија учениците од петто одделение од ООУ„Коле Каниски“ – Битола, кои среќата ни ја опишаа преку преубави стихови во песнички, преку акростих од зборот среќа, преку многу весели цртежи, ѕид на зборови и со што уште не. Семејството, другарството, играта, беа само дел од многуте работи што нив ги прават среќни. Нека ни е Честит 20 Март -Меѓународниот ден на среќата… Воедно ние сакаме да изразиме голема благодарност до директорот на ООУ„Коле Канински“- Битола, Зоран Мирчевски и до наставничките Лилјана Стојковска, Наташа Стојановска и Билјана Костадиновска за остварената соработката во оваа прекрасна активност.

Facebook link