На ден 31.05.2023 година учениците од германската секција при ОУ „Даме Груев“ – Битола со наставничката Данијела Босилковска учествуваа на настанот насловен „Литературно читање на сказни од Браќата Грим на германски и македонски јазик“.
Учениците презентираа за биографијата на браќата Грим, а ги читаа и сказните ,,Frau Holle”-,, Фортуна” и ,,Der Froschkönig”- ,,Принцот жаба”.
Учениците со библиотекарката Ирена Колевска имаа можност да ја посетат австриската библиотека каде што можат да изнајмуваат и читаат книги на германски јазик.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook
Објавено од: Слободан Пачовски
1 Jun, 2023