НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола активно е вклучена во кампањата „Да читаме на глас“ организирана по повод Европската година на гласно читање, прогласена од Европската организација за унапредување на читањето EU READ.
Во кампањата се вклучи и училиштето и ООУ „Елпида Караманди“ – Битола.
Методот на гласно читање е клучен за развојот на навиките за читање и подоцнежниот успех во училиштето и воопшто за успехот во стекнувањето знаења и вештини.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook