Во Месецот на книгата (15 октомври – 15 ноември) НУУБ „Св. Климент Охридски” – Битола и Центарот за поддршка и помош на деца и лица со попреченост „Сложувалка Срце” ја реализираа втората по ред работилница. Темата на оваа работилница беше „Читањето е терапија – мит или факт?!” и беше наменета за родители на деца со типичен и атипичен развој и стручни лица кои работат со оваа категорија.

Работилницата се реализираше во читалната на библиотеката и преку интерактивни активности на интересен и несекојдневен начин им обезбеди на присутните стекнување на вештини за поддршка на развојот на нивните деца преку читањето на книги, како да го применат читањето како извонреден начин за справување со стрес, анксиозност, фрустрација, надминување на проблеми, предизвици кои се составен дел од секојдневието на родителите на децата со атипичен и типичен развој, поттикнување на родителите за користење на читањето како игра, едукација, терапија за своите деца, самопомош, релаксација, самоусовршување, подобрување на емоционални вештини за себеси.

На работилницата учесниците се стекнаа со огромен интерес за книгата, љубов кон книгата, навики за читање, а со тоа кај нив се разви желба повторно да се вратат во пријатната и идилична атмосфера која ја нудат просториите на библиотеката.

На покана на центарот, на оваа работилница зборуваа библиотекар м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски и прихологот Жанета Ристевска.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook