Учениците од VII и VIII одделение од ООУ„Трифун Пановски“ – Битола со своите наставнички по македонски јазик Робертина Герасовска-Петровска и Светлана Мирчевска ја посетија НУУБ „Св. Климент Охридски“. Оваа посета ја искористивме учениците да ни прочитаат раскази од писателот Трајко Петковски од неговата книга „Заспаното срнче -раскази за деца“, но и свои раскази пред своите соученици. Оваа книга содржи раскази за деца, за кои може многу да се зборува и да се донесат важни поуки. Затоа после секој прочитан расказ учениците со наставничките дискутираа и заедно извлекуваа поука „Колку е важно добро да се размисли пред да се донеси било каква одлука во животот“.
Денес сите заедно уживавме во прекрасните читања на учениците од ООУ „Трифун Пановски“ – Битола, кои за прв пат застануваат да читаат гласно во една од салите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, пред својата директорката Лилјана Николова и педагогот Мери Атанасова, своите наставници и соученици. Тремата конечно ја разбивме, продолжуваме понатаму!
Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook link