Читањето на глас продолжува
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола активно се вклучи во кампањата „Да читаме на глас“ организирана по повод Европската година на гласно читање, прогласена од Европската организација за унапредување на читањето EU READ.
Методот на гласно читање е клучен за развојот на навиките за читање и подоцнежниот успех во училиштето и воопшто за успехот во стекнувањето знаења и вештини.
Читањето на глас е превенција од појава на тешкотии при читање, дислексија, особено во ерата во која живееме, на модерни технологии и запоставеност на читање печатени книги.
Читајќи, децата се запознаваат со литературниот јазик што се разликува од секојдневниот говор и разговорен јазик, што е особено важно за образованието. Додека слушаат, децата ги развиваат својата фантазија и креативност.
Денеска читавме на глас во ООУ „Д-р Трифун Пановски” – Битола со учениците од четврто и петто одделение.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook