Нов ден – нова авантура. Денес читавме книги на глас во ООУ „Ѓорѓи Сугарев” – Битола

Зошто треба да читаме на глас?

Луѓето кои редовно читаат имаат подобар сон, пониско ниво на стрес, поголема самодоверба и пониско ниво на депресија отколку луѓето кои не читаат. Се препорачува да им читаме на нашите деца на глас уште од најрана возраст. Со тоа се допринесува за природна – рана стимулација на говорот, се збогатува вокабуларот и се поттикнува фантазијата и креативноста.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook