Имавме прекрасен понеделнички ден со учениците од подрачното училиште “Тодор Ангелевски“ – Битола и наставничката Оливера Клочовска.

Со учениците од прво одделение ја започнавме реализацијата на проектот „Читај ми бајки“ и ќе се реализира во наредниот период.

Ја прочитавме „Принцезата на едно зрно грашок“ сказна на Ханс Кристијан Андерсен од 1835 година и „Палешка“.

Од суштинско значење е на децата да им се чита уште од најмала возраст. На тој начин им помагаме да ја засакаат книжевноста и да станат страсни читатели во текот на животот.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook