На 23 септември се одржа хуманитарен настан „Хуманитарна вечер со македонски автори“ во организација на книжарницата Book’s House , во кој активно учество зеде и нашата библиотека преку донација на книги.

На настанот се продаваа книги од повеќе македонски издавачки куќи и автори кои донираа книги за настанот како и рачни изработки донација од ракотворци по најповолни цени.

Средствата што беа собрани се наменети за учениците од Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ – Скопје со дисперзирана паралелка во Битола, како и за семејства кои имаат навистина потреба.

Нашите сограѓани покажаа дека можат да бидат хумани и во голем број беа дел од овој настан.

„Не можете сите да правиме големи работи. Но сите можеме да правиме мали работи со многу љубов.“ – Мајка Тереза

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook