На 23. COBBIS конференција „COBBIS 2022“во Марибор, Р. Словенија под мотото „Заеднички го зајакнуваме значењето на науката и развојот “учество зеде библиотекарката Ирена Колевска од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. На дводневната манифестација која се одржа на 19 и 20 октомври во организација на Институтот за информатички науки во Марибор, учество зедоа над 600 учесници од 12 земји.
На оваа конференција присутните библиотекари имаа можност да слушнат 24 предавања на најразлични теми, а беа претставени и бројни интересни теми од различни научни области, од библиотекарство до супер машини.