Во периодот од 14 до 16 декември во Краљево и Врњачка Бања, Република Србија, се одржа 20-татa по ред Меѓународна конференција на библиотекари организирана од Библиотекарското друштво од Србија. Тема на овогодишната конференција беше „Библиотечниот простор во физичкото и виртуелното опкружување ( Library spaces in the physical and virtual enviroments)“.
На конференцијата со труд учествуваа м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски и докторанд Фатма Бајрам Аземовска на тема „Мали промени до големи резултати во работата на библиотеките (Мале промене до великих резултата у раду библиотеке).“
Нашата библиотека ги прати модерните трендови и секогаш има што ново да претстави на овие меѓународни собири на библиотекарите од регионот и пошироко. Размената на искуства носат напредок во работата на секој библиотекар.
“Една работа која апсолутно мора да ја знаеме е локацијата на библиотеката“ Алберт Ајншајн
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook