На ден 29.11.2022 год. нашата библиотека ја посетија дел од учениците од Основно училиште со ресурсен центар “Кочо Рацин”-Битола.
Вчера имавме можност да се запознаеме со прекрасните дечиња Дејан Станкоски II-a, Џенгис Веселов II-a, Марија Чадамова III-a, Максилда Селимова IV-б, Сунај Селимов VII-б, Филип Наумоски – VIII-a, Давид Пендев IX-a и Сара Каранфилоска IX-a, кои ни дојдоа во посета на нашата библиотека заедно со наставничките Ивана Карајанова – претседател на библиотекарско – медијаторска секција, Драгана Кирковска – член на библиотекарско – медијаторска секција, Катерина Шаркоска – толкувач на знаковен јазик, Кристина Трајчевска – педагог и Светлана Огненова – воспитувач од интернатот.
Целта на посетата беше наменета учениците да се запознаат со начинот на работа на нашата библиотека преку организирани активности, а истата им е дел од планот и програмата за работа на библиотекарско – медијаторската секција во училиштето за учебната 2022/23 година.
При посетата учениците имаа можност да ги видат одделите на библиотеката, да видат како се прави заштита на оштетените книги кои им ја покажа Јулијана Христовска Кулевска-помошник библиотекар од одделот за заштита и репрографија на книгата. Додека библиотекарката м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски која ги водеше низ библиотеката им помогна да бидат во улога на библиотекари. Учениците со нејзина помош редеа книги во магацинот.
Нивниот интерес беше преголем. Ги испративме со насмеани лица и поздрав дека за брзо повторно ќе се видиме.
И благодариме од срце на Катерина Шаркоска – толкувач на знаковен јазик, која ни помогна за време на посетата.
Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook post