НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола продолжи со активности посветени на децата. Овој пат во посета ни дојдоа учениците од второ одделение од ООУ „Тодор Ангелевски“ со наставничките Ивона Божиновска и Јагода Мамузиќ.
Учениците имаа можност да се запознаат со одделите на библиотеката, да го посетат детскиот магацин, дневната соба, музејот, роднокрајниот оддел а за крај имаа можност од библиотекарите да слушнат една прекрасна приказна за тоа што сакаат да бидат кога ќе пораснат и како да не се плашат од темнината.
После разговорот учениците имаа можност да нацртаат една случка од сликовницата која им остави најмногу впечаток.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook