На 9 ноември нашата библиотеката ја посетија учениците од трето одделениое од ООУ „Коле Канински“ – Битола со наставничките Билјана Чурлевска Маневска и Маја Томовска како дел од наставната програма, во која предвидено е запознавање со работата на библиотека.

За време на посетата учениците ги посетија детското одделение, музејската поставка на библититеката, дневната соба, одделите за периодика и дробен печат, како и роднокрјниот оддел на битолските писатели, а од библиотекарот ги добија најважните податоци за работата на библиотеката и фондот на книги со кои располага, а се наменети за нивна воздраст.

Да научиме да практикуваме добри навики, а тоа е да другаруваме со книгите и често да ја посетуваме библиотеката.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook