Месецот на книгата го завршуваме со неколку активности посветени на книгата. Овој пат во посета на библиотеката ни дојдоа учениците од второ и трето одделение од ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци со наставничките Валентина Јовановска и Вера Соклевска.
Учениците имаа можност да се запознаат со светот на книгите каде приказните никогаш не завршуваат, каде што можеме секојдневно да откриваме новите светови.
Затоа библиотекарот на учениците им ги отвори вратите на сите оддели во бибиотеката и им откри една прекрасна приказна од сликовницата „101 приказна за добра ноќ“ за која потоа се разговараше и се илустрираше.
До следното видување другарувајте со книгите!
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook