НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола во соработка со невладината организација „ДОГМА“ на 19.05.2022 година во Хотел Театар ја реализираше третата вечер од проектот „Вечери на кративноста“ одобрен од Министерство за култура на Република Северна Македонија.
Оваа вечер на наше огромно задоволство ја посветивме на печатените медиуми, весници и списанија со цел да ги запознаеме младите со начинот на добивање и препознавање на „Лажна-точна вест“. Ни беше огромно задоволство што оваа вечер наши гости и говорници беа новинарите и уредници на печатени и електронски медиуми: Гордана Гравчева-Ивановска од списанието „Јавност“, Панде Димитровски од списанието „Без навреда“ и Жанета Здравковска, којашто во минатото работела во печатени медиуми, а сега ги води online страните Апла.мк и СДК.мк.
Проблематиката со која се среќаваат печатените медиуми во време на електронска доба доведува до се поголемо згаснување на истите што беше главна тема на вечерта. Сите присутни на настанот имаа можност да поставуваат прашања на кои нашите гости им одговараа. Вечерта ја завршивме со бура од идеи за тоа како да им се помогнe на овие медиуми да опстојат и понатаму.
Координатори на проектот: Марија Марковска и м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски.