Театарска претстава „Слушни ме“ – Силен повик против меѓуврсничкото насилство
На 1 ноември 2024 година, во Народниот Театар Битола, се одигра театарската претстава „Слушни ме“, во изведба на учениците од Едукативниот центар „Едусфера“.
Оваа претстава со моќна порака против меѓуврсничкото насилство ја осветлува реалноста на еден ученик кој е жртва на овој проблем. Преку емоционалната и посветена интерпретација, младите актери успеаја да ни пренесат пораката за важноста на поддршката, заедништвото и емпатијата.
Овој значаен настан беше организиран од Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, во соработка со Народниот Театар Битола и Едукативниот центар „Едусфера“, и со поддршка од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.
Театарската претстава не само што им овозможи на учениците да ги покажат своите таленти, туку и пренесе силна порака за неопходноста од разбирање и почит кон секој ученик. Настанот ги привлече родителите, наставниците и учениците од различни училишта, кои заедно испратија јасна порака – дека насилството нема место во нашите училишта и општество.
Благодарност до Министерството за култура и туризам, без чие учество овој проект не би можел да биде реализиран на овој начин.
Со полни срца и преполна сала, младите актери ја пренесоа својата порака – НЕ за насилство! Нека овој повик за разбирање одекне низ целото општество и стигне до сите кои можат да го слушнат.
Заедно за подобра иднина!
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook