Во рамки на проектот „Sasas Jekhvar Jekh – Once upon a time … Sasas Jekhvar Jekh. Once upon a time – and now започнаа настаните посветени на раскажувањето ромски приказни, собрани во книгата „Сјајни ѕвезди: бајки раскажани од Роми од Европа“. На првиот настан активно учествуваа млади девојки Ромки и возрасни. Беа читани приказните „Двајца пријатели“, „Барон“ и „Ромите и шумската самовила“.
Учесниците уживаа во раскажувањето на приказните од страна на талентирани раскажувачи, кои со посебни техники и вештини за анимирање ја оживеаја магијата на ромската традиција и го пренесоа духот на овие бајки до младата публика. Благодарност до сите учесници и поддржувачи на проектот, кои ја негуваат и оживуваат оваа значајна културна традиција. Нека магијата на ромските бајки продолжи да живее и да се пренесува низ генерациите!
Проектот е финансиран преку програмата Еразмус+ на Европската Унија и има за цел да ја промовира ромската култура и наследство преку приказни раскажани од Роми. Во него се вклучени партнерски организации од Германија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија, Србија и Турција, кои придонесуваат за размена на културни традиции и за збогатување на оваа вредна збирка приказни.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook