И оваа учебна година НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола ја продолжува кампањата за доделување на Ваучери за едногодишна бесплатна членарина за сите ученици од прво одделение и од прва година во средните училишта.

Кампањата ја започнуваме со првачињата од ООУ „Елпида Караманди“ – Битола на кои директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола, м-р Бојан Стефановски лично им ги подели ваучерите и им посака среќен и успешен почеток.

Би сакале да изразиме благодарност до директорката Татјана Дамчевска на ООУ „Елпида Караманди“ – Битола која ни дозволи да бидеме дел од нивниот прв училишен ден и заедно да ја споделиме радоста на првачињата.

Facebook link