На ден 16.03.2023 година библиотекарите м-р Фатма Бајрам Аземовска и м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски остварија работен состанок со заменик директорот Ивана Велјановска и Марија Наумовска претседател на Советот на родители при ООУ„Коле Канински“ – Битола. На состанокот се разговараше за реализација на активности кои ќе следат во наредниот период.
Темите кои се предвидени да се реализираат се во рамки на Годишната програма на Советот на родители, кои се поддржани од училиштето „Коле Канински“ и од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.