Директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Бојан Стефановски оствари средба со претседателот на македонското друштво „Пелистер“ Мариан Бошевски и Александар Дамев – член на управниот одбор од Трелеборг, Шведска.
На средбата се разговараше за заеднички активности, кои имаат за цел зачувување на македонскиот јазик кај нашите сограѓани кои моментално живеат и работат во Шведска. Македонското друштво „Пелистер“ од Трелеборг постои 53 години.
Исто така се зборуваше за збогатување на книжниот фонд на библиотеката во Трелеборг, која моментално располага со мал фонд на книги кои се со застарена тематика.
Зачувувањето на јазикот е од многу важно значење за иднината на младите кои ги напуштаат своите родни огништа од различни причини.
Библиотеката и македонското здружение „Пелистер“ во иднина планираат различни активности за зачувување и популаризација на македонскиот јазик.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook