Централен експертски состанок само за членовите на мрежата „Библиотеки на нашата средина“ 30.5 – 1.6.2023. во бањата Врујци – Акредитиран семинар во библиотеките од февруари 2023 година
Тимот на организацијата „ИнтернетКлуб“ – Србија, водени од експертот за библиотечно работење Мирско С. Марковиќ одржуваат интерактивни семинари кои се акредитирани во Народната библиотека Р.С. (национална) и во Унгарија.
Оваа година семинарот се состоеше од два сегменти, кои ги запознаваат учесниците со корелациите на материјалните и нематеријалните културни добра на локалната заедница и роднокрајни содржини. Посебен сегмент е запознавањето со методите на работа на современите туристички организации и можностите кои традиционалните и новите туристички манифестации ги даваат за ваков вид соработка, препознаени како културен туризам и можности на библиотеки за партнерски проекти и поврзување со литературни и стручни содржини.
Во првиот дел, учесниците се запознаваат со достапните форми на ИКТ комуникација. Примарниот аспект е примена во реалното опкружување на библиотечната активност. (Мапирање дигитални комуникациски канали и содржина за QR код.).
Со користење на мобилните апликации се повеќе библиотеките стануваат вид платформи за барање на сите видови информации поврзани со образование и користење на слободното време.
Подготвил:
М-р Јелена Петровска, библиотекар советник и програмски раководител
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook
Објавено од: Слободан Пачовски
6 Jun, 2023